Успешно заврши EBEC Скопје 2015!

После неколку месечните припреми, официјалното отворање и форумската расправа, и двата натпреварувачки денови, EBEC инженерскиот натпревар успешно заврши.

Ги имаме двата победнички тимови кои ќе продолжат на регионално ниво во Белград и тоа: во категоријата Case Study победи тимот Eclipse кој го сочинуваат натпреварувачите Дејан Божиновски, Ѓорѓи Јанчески, Филип Давковски и Надежда Аврамовска, а додека во категоријата Case Study победи тимот Clockwork Orange кој се состои од Митко Милошев, Александар Старделов, Ема Василеска, Александар Митиќ.

ФорумскаРасправа

 

Eclipse

Тимот Eclipse победници во категоријата Case Study

ClockworkOrange

Тимот Clockwork Orange победници во категоријата Team Design

На двата тима им посакуваме успех на регионално ниво кое ќе се одржи од 9ти до 11ти мај во Белград, па и на европско ниво во Порто.

Погледнете ја целата галерија од настанот на Flickr.