13ти Меѓународен Академски Курс во Скопје

Ова лето БЕСТ Скопје го организираше 13тиот Меѓународен Академски Курс на кој учествуваа 30 учесници од цела Европа, меѓу кои и македонски студенти.

sc15

 

Овој настан, кој покрај забава, имаше и образовен карактер, студенти од 19 различни Европски универзитети слушаа предавања на темата „Хидроенергија и одржлив развој на водата“ од професори кои предаваат на Машинскиот ФакултетФакултетот за Електротехника и Информациски Технологии и Градежниот Факултет.

Во текот на курсот имавме и неколку посети на хидроцентрали и прочистителни станици меѓу кои беа ХЕ „Вруток“ХЕ „Матка“ и прочистителната станица за фонтаната на плоштад „Македонија“

Покрај академскиот дел, студентите имаа можност да го видат нашиот град, да го запознаат, искусат, и да се заљубат во него. Во текот на викендот имаа пауза од лекциите и имаа шанса да го посетат Охрид, сите културни и историски знаменитости, и од таму да ги понесат најдобрите сеќавања и импресии. И за крај, студентите ќе имаа шанса да си ги презентираат нивните традиционални јадења и пијалоци, национални носии, песни и танци, на добро познатата Интернационална Вечер.

Погледнете ја галеријата од курсот на Flickr.