5 причини зошто твоето CV треба да биде дел од датабазата на Job Fair

Еден од најголемите предизвици за секој студент претставува заменувањето на академските предавања со атмосферата на корпоративниот свет. Земајќи ги предвид сите околности во кои денес студентите растат и се развиваат, БЕСТ – Скопје неуморно работи кон обезбедување на вистинските можности за кариерен и професионален развој. 

Токму затоа во склоп на Job Fair – Саемот за вработување и кариера, БЕСТ – Скопје создаде платформа за дирекно поврзување на студентите со работодавците. 

Таа платформа денес претставува база на портфолија од студенти кои им се достапни на сите партнери и соработници кои биле дел од Саемот за вработување и кариера. Истата повеќе од 16 години нуди лесно и едноставно поврзување на IT и техничките компании со студенти кои имаат потреба од работа и пракса. 

Доколку Вашето CV сѐ уште не е дел од оваа база, ова се 5 причини зошто е време да го направите вистинскиот чекор и да го прикачите Вашето CV:

Прилика компаниите да Ви се обратат Вам

Процесот на селектирање на огласи, аплицирање за работни позиции и подготовка за интервју одзема енергија, време и фокус. Од друга страна, огласите кои веќе се достапни на голем број од платформите за вработување, бараат искуство коешто најчесто студентите не го поседуваат. 

Но со тоа што Вашето CV станува дел од датабазата на vjobfair.org.mk претходно споменатиот процес станува многу поедноставен! Компаниите со кои соработува БЕСТ – Скопје се подготвени врз основа на информациите обезбедени во CV датабазата да ги контактираат студентите заинтересирани за вработување или пракса. Нашите партнери и соработници се во постојана комуникација со тимот кој работи на одржување на датабазата и се информирани за потенцијалот и искуството на студентите. Преку оваа комуникација, нашиот тим креира реалистични очекувања кои им помагаат на компаниите да ги пронајдат вистинските идни соработници, а студентите да започнат да ја градат својата кариера во компанија која се грижи за нивните амбиции, раст и развој.

Започнувајќи со успешни компании од 2005, на Job Fair и ден – денес учесници се реномирани локални и интернационални компании кои овозможуваат градење на кариера надовор од границите на нашата држава. Компаниите со коишто соработуваме во претходното издание се: Allocate, Netcetera, Aptiv, MCA, Mecoms, ScaleFocus, Kiel, Liberty, Marquardt, Johnson Matthey, Usje, Sample Solutions, Asseco, Makprogres, CodeChem, IWConnect и EVN. 

Постојан раст на индустријата

IT индустријата со сигурност станува една од најбрзо растечките индустрии во нашата земја. Според истражувања спроведени во 2017 година, биле регистирани над 1.600 IT компании од кои дури 67 биле отворени во првите 4 месеца од 2017 година. Иако денес немаме точни информации за вкупниот број на компании во оваа индустрија, можеме да дојдеме до заклучок дека овие промени влијаат врз отворените позиции на пазарот на трудот. Според мапирањето на IT компаниите во Град Скопје, нашата организација низ годините изградила соработка со над 50% од најголемите IT компании кои со самото учество на Job Fair добиваат пристап до датабазата која содржи голем број портфолија и резимеа.

Едноставност при градење CV

Виртуелната платформа на Job Fair – vjobfair.org.mk дозволува едноставно градење на CV. Оставањето на резиме е во форма на одговарање на поставени прашања и одбирање на соодветни вештини со „drop-down menu”. Ова го оттрга стресот при барање на сооветен дизајн и соодветна форма за приложување на вашето резиме. Такашто оставањето CV на vjobfair.org.mk е прикладно и за почетници кои никогаш претходно немале прилика да направат CV.

Препознатливост на Брендот 

Минатата 2020 година, Job Fair се појави во ново светло како целосно дигитализирана платформа која обезбедува информации за сите компании учеснички. Иако тоа значеше потполна промена на претходниот концепт и размена на информации помеѓу компаниите и студентите, компаниите со задоволство ги поддржаа промените и покажаа интерес за учество. Искуството што го обезбедува Job Fair преку својот концепт, придонесува кон тоа компаниите да имаат доверба и желба да соработуваат со студенти кои се дел од CV датабазата на нашата виртуелна платформа.

Успешни приказни

Низ годините како организација сме биле сведоци на голем број успешни приказни кои започнале токму преку Job Fair. Бевме сведоци на растот на една мала компанија која своите идни соработници и колеги ги пронајде преку CV датабазата на Job Fair. Понатаму, ги имаме многуте партнер-компани каде денес се вработени токму наши колеги кои решиле да го прикачат своето CV и да го направат првиот чекор кон почетоците на градење на кариера во IT индустријата. 

Доколку сакате да дознаете повеќе за успешните приказни на Славе, Давор и Никола кои ја пронајдоа посакуваната пракса преку Job Fair, клинкете на овој линк.

Се надеваме дека овие 5 причини Ве потикнаа да размислите за придобивките и можностите кои ги обезбедуваат услугите на Job Fair. Доколку имате дополнителни прашања, слободно може да ни се обратите на социјалните мрежи на Job Fair на Facebook или Instagram (@jobfair.mk).

Го очакваме Вашето CV и се гледаме на Job Fair 2021!