Што имате ти, една пеперутка и одржливоста заедничко? На прв поглед апсолутно ништо, нели? Би дефинирале одржливост како се она кое го поврзуваме со еколошките, економските и општествените мерки кон глобалното управување и одговорното раководење со ресурсите. Разумно гледано пеперутките немаат некоја биолошка поврзаност ни со Вам како луѓе, ни со одржливоста како поим, она што ве спојува е “ефектот на пеперутката”. Во суштина се зборува за тоа дека малите промени во тековната состојба може да предизвикаат крупни промени со тек на време.
Вистина е една и несоборлива-еколошката средина ќе претрпи промени без да не праша. Некои од промените ќе бидат драстично лоши врз кои нема да можеме да влијаеме. Но, она што ѕирка под темниот облак на несигурната иднина е светлата страна на малите навики кои што можиме да ги формираме заедно со големите изуми кои што можеме да ги создадеме.
Еве само неколку факти за тоа како можеме да направиме лични мали промени кои имаат потенцијал да дејствуваат последователно до глобална одржливост:
- Рециклирањето на една алуминиумска лименка може да заштеди доволно енергија за да работи телевизорот три часа.
- Пластичната ќеса се користи во просек 12 минути, но ќе остане во околината 1.000 години пред да се распадне.
- Осветлувањето сочинува 15% од глобалната потрошувачка на електрична енергија. Префрлувањето на LED диоди ќе троши 90% помалку енергија и ќе трае многу подолго отколку со употребата на блескаво светла.
Промената оживува во моментот кога вистинските луѓе се наоѓаат на вистинското место. Оваа промена ќе започне на нашиот Летен Академски Курс- “With Great Power Comes Great Sustainability”. Преку овој курс сакаме да им го зголемиме знаењето на нашите учесници на оваа тема и заедно да чекориме кон одржлива иднина.
Во теорија вие, една пеперутка и одржливоста немате нешто заедничко. Но, давајќи доволно време и доволно прилики за сплет на овие три нешта, доаѓаме до заклучок – денес можеме да бидиме подобри од вчера барем за искуство од еден ден.
Ефектот на пеперутка го започнуваме на 10 jули 2022 година, со почетокот на нашиот Летен Академски Курс – “With Great Power Comes Great Sustainability”. Доколку сакате да бидете дел од овој летен академски курс, пријавете се најдоцна до 20.06.2022, на овој формулар: https://forms.gle/nPdrrcrNtRJ44HQ66.
За повеќе информации за летниот академски курс, следете ги социјалните мрежи на БЕСТ Скопје на Facebook и Instagram (@bestskopje).