Online Career Fair – Овозможено од IAESTE

Во организација на нашите соработници, ИАЕСТЕ Македонија, Интернет саемот за кариера на ИАЕСТЕ се случува од 03.11 до 14.11. Интернет-настанот е веќе започнат со започнување на веб-страницата www.onlinecareerfair.eu

Ова е одлична можност за сите студенти по инженерство, како и свежо дипломирани студенти, да се шетаат низ виртуелните штандови на многу водечки компании од сите инженерски полиња, со потекло од Централна и Источна Европа. Таму можат да го
приложат своето CV-то и да аплицираат за работа или стажирање. Особено сме задоволни што нашиот универзитет – „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје има свој штанд како најпрестижна високообразовна институција во Република Македонија.

Сите дополнителни информации за овој настан можат да се најдат на страницата на Фејсбук:

https://www.facebook.com/IAESTEOnlineCareerFair