Запознајте ги новите полноправни членови на БЕСТ Скопје!

Една од најважните работи кон кои една организација треба да се стреми е да биде на вистинскиот пат кон нејзиниот понатамошен раст и развиток. Во БЕСТ Скопје, токму полноправните членови се движечка сила на самата организација – подготвени, мотивирани, и желни за нови и подобри промени. 

На 10ти октомври во дворот на СУГС Никола Карев се одржа уште едно Генерално собрание на БЕСТ Скопје, каде нашата организација се збогати со 5 нови ентузијастични и мотивирани полноправни членови. 

За да ја дознаеме нивната мотивација и досегашно искуство во организацијата, решивме да им поставиме 3 прашања, а со тоа – запознајте ја новата генерација на полноправство во БЕСТ Скопје!

Јане Јосифовски

  1. Која е твојата мотивација зошто стана полноправен член?

– Станав полноправен со цел да го дадам мојот мал влог во нешто многу поголемо, наречено БЕСТ. Влогот не е само за да ги подобри можностите на нашите студенти, туку и можност за долични познанства и дружби со надарени студент и здобивање нови искуства и знаења.

  1. Опиши го БЕСТ во 3 збора! 

– Неопислив, можност,независен.

  1. Кое е твоето омилено сеќавање од БЕСТ?

– Сега-засега омилено сеќавање од БЕСТ ми е одличната можност да работам на ЕВЕС 2019 со одличен кор-тим и поддршка од одличен борд.

Ана Ноевска

  1. Која е твојата мотивација зошто стана полноправен член?

– Кога дојдов во БЕСТ сите ме примија со отворени раце и се зближив со сите многу брзо, тоа само по себе е нешто незаборавно. Моја мотивација е да станам едно мало парче од ова искуство на некој друг член. Со тоа што станав полноправен член, освен што ќе можам да бидам тука за членовите, ќе можам да сум тука и за БЕСТ како организација.

  1. Опиши го БЕСТ во 3 збора! 

– БЕСТ не може да се опише со само 3 збора, но може да се каже дека е една голема топла фамилија

  1. Кое е твоето омилено сеќавање од БЕСТ?

– Едно од омилените БЕСТ-овски сеќавања ми е одење со кор тимот PUNdemia на Козјак. Таму колку што беше интересно и убаво, толку и катастрофа стана во исто време, што беше искуство што никогаш нема да го заборавам.

Емилија Трајкоска

  1. Која е твојата мотивација зошто стана полноправен член?

– Одлучив да се кандидирам за полноправен член затоа што сакав да го дадам својот придонес за организацијата да продолжи да се движи нанапред и за да можам да им ја пружам истата поддршка на новите членови која јас ја добив на почетокот.

  1. Опиши го БЕСТ во 3 збора! 

– Challenging, fun, supportive.

  1. Кое е твоето омилено сеќавање од БЕСТ?

– Има многу, но ако морам едно да издвојам, тоа ќе биде снимањето на видеото за 18тиот роденден на БЕСТ кога рекреиравме настани кои се случувале низ годините во оваа организација.

Петар Танески

  1. Која е твојата мотивација зошто стана полноправен член?

– Прво како обзервер, а потоа како млад член, во изминатава година во БЕСТ добив многу прекрасни искуства и мили мемории. Покрај забавата и дружењето, преку  настанире и тренинг сесиите во кои учествував научив и нови вештини. За се ова да биде возможно, има група луѓе кои се трудат секој член да се чувствува како дома. Јас станав полноправен за да помогнам на новите членови да имаат исто толку прекрасно искуство и да вратам на БЕСТ за се што ми овозможи.

  1. Опиши го БЕСТ во 3 збора! 

– Фамилија, напредок, лудило

  1. Кое е твоето омилено сеќавање од БЕСТ?

– Седење во 4 сабајле полу заспани околу ќумбето на мотивацискиот викенд на Шапка. Посмирено никогаш не сум се чувствувал.

Стефан Костоски

  1. Која е твојата мотивација зошто стана полноправен член?

– Станав полноправен член затоа што многу ја сакам оваа организација и се’  што има направено за мене. Сакав да имам можност и јас да напредувам, како и да придонесам во подобрувањето на организацијата.

  1. Опиши го БЕСТ во 3 збора! 

– Self-improvement, Забава, Дружба

  1. Кое е твоето омилено сеќавање од БЕСТ?

– (Не)заборавните моменти од мотивацискиот викенд на Шапка

Им посакуваме многу среќа на нашите нови полноправни членови и се надеваме дека ќе бидат промената што тие сакаат да ја видат во иднина!