Што е БЕСТ?

БЕСТ, Борд на Европски Студенти по Технологија е постојано растечка непрофитна и не-политичка организација. Од 1989 година нудиме комуникација, соработка и размена на можности за студентите ширум Европа.

96 Локални БЕСТ групи во 33 земји создаваат растечка, добро организирана, моќна, млада и иновативна студентска мрежа. Повеќе од 4800 членови се вклучени во секојдневниот развој на нашите сервиси и скоро еден милион студенти се достигнати преку нашите настани и иницијативи.

БЕСТ цели да им помогне на Европските студенти по технологија да бидат повеќе интернационално настроени, преку постигнување на подобро разбирање на европските култури и развој на капацитети за работа на меѓународна основа. Затоа, ние создаваме можности студентите да се запознаат и учат едни од други преку нашите академски и не-академски настани и едукативни симпозиуми. „Учењето го прави господарот“, но крајната цел е добро работно место, затоа нудиме сервиси како меѓународен центар за кариера за проширување на хоризонтите за избор на пазарот на трудот.

Нашиот приоритет е да нудиме квалитетни сервиси за студентите ширум Европа. Така, можеме да ги приближиме сите партнери во триаголникот „студент – компанија – универзитет“.

http://www.best.eu.org/

1 Comments

  1. Pingback: fitness franchise

Leave Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

14 − 8 =