Победници на петтиот ЕВЕС Скопје

Го наполнивме нашиот календар со уште еден, успешно завршен, инженерски натпревар – EBEC. Оваа година натпреварот се одржа во Центарот за образование и развој на Seavus. Формирањето на форумот, што се одржа по официјалното отворање, беше првиот бран
идеи од страна на младите инженери.

Во категоријата Case Study, натпреварувачите имаа задача наречена „Иновативни технологии за помош на екологијата“, каде што случајот беше собирање и сортирање на отпадоци од автономен мобилен робот, придвижуван од обновливи извори на енергија. Победник на оваа категорија беше тимот Fast Forward, формиран од студентите Филип Божиновски, Никола Анѓелковиќ, Сашо Јадровски и Кристина Блажевска.

Последниот ден од натпреварот беше категоријата Тим Дизајн. Задачата едноставно се викаше “Rubberlanes”и тимовите мораа да градат мали одвнатре авиони наречени “Rubberlanes”, заради гумената лента со која се напојуваат. Победници од категоријата
Тим Дизајн, е тимот ‘Orange’, формирана од учениците Митко Милошев, Александар Старделов, Ема Василевска и Александар Митик.

Двата победнички тима, Fast Foreward’ и ‘Orange’, како најдобри македонски инженери ќе го претставуваат БЕСТ Скопје во регионалниот натпревар во Ниш, ЕBEC Балкан.