sac-2014

Летен Академски Курс 2014

Скопје, јули 2014, место каде 30 учесници од цела Европа ќе учествуваат на највозбудливиот настан во годината – Летниот Академски Курс.

Оваа година БЕСТ Скопје го организира 11от Летен Курс. На овај настан, кој покрај забава, ќе има и образовен карактер, студенти од 17 различни Европски универзитети ќе посетуваат предавања на темата Одржлива Архитектура од локални професори кои предаваат на Градежниот Факултет, ќе јадат македонска храна, ќе ги шетаат македонските улици и ќе имаат шанса одблиску да се запознаат со нашата култура и традиција.

ebec-balkan-winners-2014

EBEC Balkan 2014

БЕСТ Скопје заедно со тимот кој се содржи од Филип Божиновски, Никола Алнгелковиќ, Сашо Јадровски и Кристина Блажевска ја пишуваат историјата на Инженерскиот Натпревар. Втора година по ред тимот од Скопје го освојува првото место во категоријата Case Study на Регионалниот Европски БЕСТ Инженерски Натпревар – EBEC Balkan, кој се одржа во Ниш, Србија. Тимот Fast Forward ја има честа да се докажи себеси пред финалниот натпревар – EBEC Final, кој ќе се одржи во Рига, Латвија ова лето. ‘, ‘
EBEC Forum

Победници на петтиот ЕВЕС Скопје

Го наполнивме нашиот календар со уште еден, успешно завршен, инженерски натпревар – EBEC. Оваа година натпреварот се одржа во Центарот за образование и развој на Seavus. Формирањето на форумот, што се одржа по официјалното отворање, беше првиот бран
идеи од страна на младите инженери.

120 инженери од цела Европа ќе се натпреваруваат на EBEC Final

Варшава, Полска – Од 1ви до 9ти август 2013, 120 врвни Европски студенти по технологија ќе се натпреваруваат на Европскиот БЕСТ Инженерски Натпревар (EBEC) Final организиран од Бордот на Европски Студенти по Технологија. Овај настан ќе ги соедини најновите технолошки/инженерски решенија од најкреативните млади умови во Европа.

Мои впечатоци од Aegean Регионалниот Состанок

Моите впечатоци од Aegean Регионалниот состанок

ОРГАНИЗИРАНО ОД ЛБГ СКОПЈЕ

Помина многу кратко време откако станав член на БЕСТ и веќе почнав да ја чувствувам магијата. Само што заврши еден неверојатен настан организиран од ЛБГ Скопје, Aegean Регионалниот состанок . Имаше делегати од сите ЛБГиња од Aegean регионот, Истанбул, Истанбул-Јилдиз, Анкара, Измир, Атина, Хања, Солун, Подгорица и Ниш, а имаше дури и некои специјални гости од Германија и Полска. Бидејќи бев презафатен со моите часови на универзитетот, не успеав да ја видам вистинската регионална средба, академскиот дел и обуките што ги одржуваа обучувачите од Турција, Грција…

БЕСТ Скопје организира културна размена со студенти од цела Европа

На тридневниот настан, учесници ќе бидат околу 150 студенти од техничките факултети, од над 30 земји од Европа. Студентите ќе престојуваат во хотелот „Бетон“, со кого, како и за минатогодишната културна размена, така и оваа година организацијата оствари одлична соработка.