Што е БЕСТ?
БЕСТ, Борд на Европски Студенти по Технологија е постојано растечка непрофитна и не-политичка организација. Од 1989 година нудиме комуникација, соработка и размена на можности за студентите ширум Европа.
96 Локални БЕСТ групи во 33 земји создаваат растечка, добро организирана, моќна, млада и иновативна студентска мрежа. Повеќе од 4800 членови се вклучени во секојдневниот развој на нашите сервиси и скоро еден милион студенти се достигнати преку нашите настани и иницијативи.