hackaton_cover_design

Преврти го твојот студентски живот на “најдобрата“ страна

Секоја голема промена започнува од мала искра. Па, време е да го запалиш првото чкорче на пламениот успех во твојот живот. Сѐ што ти треба – 24 слободни часа посветени на иновација и тимска соработка. Ти треба повеќе мотивација? Слушни го ова: Кој збор ги опишува компаниите: Carousell, Zapier, Facebook’s (Meta) Apps, EasyTaxi и TWITTER

регрутација

Како до најдобриот студентски живот преку БЕСТ?

Уживањето во најдобриот стxудентски живот започнува со искористување на сите можности кои ти се понудени! БЕСТ Скопје е организација која им  помага на студентите да го развијат социјалниот, професионалниот и кариерниот аспект од нивниот студентски живот, на интересен и ангажирачки начин. Неколку алумни членови ја имаа можноста да раскажат за својот студентски живот со БЕСТ Скопје, а ние им дадовме простор да го споделат своето искуство!

Како до подобар LinkedIn профил?

Од проширување на професионалната мрежа до градење доживотни врски, LinkedIn е вистинската платформа на која студентите може да се поврзат со идните работодавци и да ја изградат својата кариера. Корисничките профили на LinkedIn се вид дигитални CV-ја и ја претставуваат личноста како и работодавецот. Иако многумина се уште се прашуваат дали овој нов социјален медиум е круцијален за нивното професионално напредување, еве неколку причини зошто LinkedIn е извонредна алатка.

Job Fair 2023

Од CV до пракса, што нуди Job Fair?

Светот на науката е полн со предизвици, нови проблеми кои секоја година се појавуваат во сé поголеми броеви низ целиот свет. За возврат на ова, инженерските и научно настроените умови постојано наоѓаат нови, иновативни теоретски и практични решенија. Работата на сите инеженери и научници во себе содржи многубројни проблеми кои чекаат да бидат решени од креативните умови. Вообичаено, ова се случува во големите институти и компании. Па, логично прашање кое честопати се поставува пред голем број од луѓето во техничката сфера е:

Што ќе правам по факултетот, каде да се вработам? Каде да најдам пракса која ќе ми овозможи да стекнам со потребното искуство?“.

ИНЖЕНЕРСКИ НАТПРЕВАР 2022

Еден од настаните што се организираат секоја година од страна на БЕСТ Скопје се инженерските натпревари. Овие натпревари се од големо значење за секој студент од техничките факултети, заради неколку причини: се учат нови вештини од областа на инженерството, се запознаваат нови колеги и студентите се поврзуваат со техничките компании, партнер-компаниите на инженерскиот натпревар. Со ова, се остваруваат конекции кои потоа се голем бенефит во кариерата на еден студент.

Се што треба да знаете за крупните промени изнесени од малите пеперутки

Што имате ти, една пеперутка и одржливоста заедничко? На прв поглед апсолутно ништо, нели? Би дефинирале одржливост како се она кое го поврзуваме со еколошките, економските и општествените мерки кон глобалното управување и одговорното раководење со ресурсите. Разумно гледано пеперутките немаат некоја биолошка поврзаност ни со Вам како луѓе, ни со одржливоста како поим, она

Зошто да се учествува на EBEC?

EBEC (European BEST Engineering Competition) е инженерски натпревар за студенти организиран од европската студентска организација – БЕСТ. 
Овој натпревар е одлично искуство за идни инженери бидејќи ќе им се пружи шанса на сите натпреварувачи да се надоградат себеси и ќе ги предизвика да најдат теоретско или практично решение за одреден проблем.

EBEC image

Извонредни иновации за 2021 година

Човекот низ историјата има создавано чудотворни иновации, кои го обликуваат светот и менуваат животот на безброј луѓе. Од создавање на тркалото до самоуправувачки автомобили со помош на вештачка интелигенција, амбициозните и креативни инженери низ светот наоѓаат начин да покажат дека сè уште има простор за нови воодушевувачки иновации коишто ќе го подобрат секојдневието.

Запознај ја Европа преку БЕСТ Скопје!

Си размислувал ли некогаш кое е значењето на еден студент, што ти нуди овој период од животот и која е најдобрата прилика којашто можеш да ја искористиш додека ја поседуваш истата? Нешто што те возбудува секојпат кога ќе го слушнеш, ти ја полни енергијата и ја буди твојата имагинација додека трае и од коешто секогаш си носталгичен кога ќе заврши?

Си размислувал ли за студентите во светот, нивната култура, вештини и идеи? За патување, дружење и уживање? Да, токму тоа, уживање во кое се надоградуваш себеси, и надоградување во кое уживаш. Знаењето кое тие можат да ти го пренесат и уште повеќе, тоа кое ти можеш да им го пренесеш ним? 

Знаеш ли дека токму БЕСТ ти ја нуди оваа единствена шанса да се спознаеш себеси и твојата вистинска моќ како студент? Токму затоа, со тебе споделуваме три фантастични и реални приказни за екстравагантните прилики коишто ќе ги искусиш во него. 

Маја, Владимир и Сара, нашите БЕСТовци, кои бројат повеќе од две години членување во организацијата, раскажуваат за нивното највпечатливо патување и те повикуваат да станеш дел од оваа по малку луда и малку повеќе авантуристичка шанса да го свртиш светот и да ги стекнеш највпечатливите и неповторливите искуства.

5 Бенефити кои можете да ги стекнете како студент преку Job Fair

Дали се чувствувате спремни да го направите следниот чекор во својата кариера? Можеби сакате да ја најдете компанијата и позицијата каде што ќе можете најдобро да ги искористите своите вештини, но не знаете од каде да почнете?