Успешно заврши EBEC 2017!

European BEST Engineering Competition, EBEC Skopje 2017 оваа година се одвиваше во периодот 15.02-18.02.2017 и беше реализиран во просториите на нашите годишни партнери itLabs, кои учествуваа во категориите Case Study и Team Design, компанијата DoXteam која учествуваше со категоријата Case Study, и поддржан од SEAVUS. Во склоп на инженерскиот натревар се одржа и локален настан за едукација (LEOE-Local Event on Education), на кој се дискутираше темата “Традиционални наспроти современи методи на предавање – Патот до успешна работна кариера“.

EBEC 2016

Марио Виранов и Теодора Христовска – Што значи да се биде дел од еден тим (EBEC 2016)

1. Каков настан е ЕВЕС? Кој се може да учествува и што поточно се случува?

Теодора: EBEC или European BEST Engineering Competition e најголемиот инжењерски натпревар во цела Европа што се одржува на локално, регионално и европско ниво. Настанот трае 3 дена, при што првиот ден има официјално отворање и форумска расправа. Останатите два дена се од натпреварувачки карактер во две различни категории – Case Study и Team Design, при што меѓусебно се натпреваруваа тимови од по четворица студенти.
Во Case Study се дава определен теоретски проблем од инжењерски карактер за кој натпреварувачите треба да најдат решение кое исполнува определени криетриуми.
Во категоријата Team Design на натпреварувачите им се дадени одредени материјали од кои треба да се конструира модел кој исто така треба да задоволува претходно определени барања.
Учество може да заземат сите студенти од техничките факултети кои се расположени за дружба, тимска работа и секако, решавање на интересни инжењерски проблеми.

Марио: Според она што имав можност да го видам EBEC е настан на кој луѓе кои се пријатели пред настанот имаат шанса да работат и искусат нешто ново и интересно, а оние кои за првпат се среќаваат , преку работа и нешто ново и интересно има шанса да станат пријатели. Можат да учествуваат сите оние кои што имаат желба за работа,
и супермоќта на станување рано наутро.

ФорумскаРасправа

Успешно заврши EBEC Скопје 2015!

После неколку месечните припреми, официјалното отворање и форумската расправа, и двата натпреварувачки денови, EBEC инженерскиот натпревар успешно заврши. Ги имаме двата победнички тимови кои ќе продолжат на регионално ниво во Белград и тоа: во категоријата Case Study победи тимот Eclipse кој го сочинуваат натпреварувачите Дејан Божиновски, Ѓорѓи Јанчески, Филип Давковски и Надежда Аврамовска, а додека во

ebec-skopje-2015

EBEC Скопје 2015

БЕСТ Скопје ви го најавува шестото издание на овогодинешниот EBEC Skopje кој ќе се одржи во реномираната кoмпанија Endava.   Овој пат под слоганот – Solve the puzzle, be a part of EBEC, не очекуваат 3 возбудливи денови, каде на првиот ден ќе имаме форумска расправа, останатите два се натпреварувачки денови во две категории: Case study и Team design. Ве

ebec-balkan-winners-2014

EBEC Balkan 2014

БЕСТ Скопје заедно со тимот кој се содржи од Филип Божиновски, Никола Алнгелковиќ, Сашо Јадровски и Кристина Блажевска ја пишуваат историјата на Инженерскиот Натпревар. Втора година по ред тимот од Скопје го освојува првото место во категоријата Case Study на Регионалниот Европски БЕСТ Инженерски Натпревар – EBEC Balkan, кој се одржа во Ниш, Србија. Тимот Fast Forward ја има честа да се докажи себеси пред финалниот натпревар – EBEC Final, кој ќе се одржи во Рига, Латвија ова лето. ‘, ‘

120 инженери од цела Европа ќе се натпреваруваат на EBEC Final

Варшава, Полска – Од 1ви до 9ти август 2013, 120 врвни Европски студенти по технологија ќе се натпреваруваат на Европскиот БЕСТ Инженерски Натпревар (EBEC) Final организиран од Бордот на Европски Студенти по Технологија. Овај настан ќе ги соедини најновите технолошки/инженерски решенија од најкреативните млади умови во Европа.

EBEC

Инженерските Натпревари се настани каде тимови од студенти ги користат нивните технички, социјални и комуникативни вештини да се натпреваруваат во различни категории: Team Design, Case Study.