leten akademski kurs 1 2015

Ева Петреска – Главен организатор на ЛАК 2015

1. На кратко објасни ни што е ЛАК и што значи да се биде главен организатор. Поточно, кои беа твоите должности, со кого работеше и слично.
– ЛАК е кратенка за Летен Академски Курс, и тоа според мене е еден од најубавите настани на нашата студентска организација. Ова беше 13тото издание и се оддржа од 30 јуни до 10 јули, од кои 7 дена во Скопје и 3 во Охрид. На настанот присуствуваа околу 25 партиципанти и околу 30 гости од цела Европа. Темата на курсот беше Хидроенергија и за истиот имавме соработка со Машински Факултет. Но, по предавањата кои се преку ден, ние се обидовме во најголема мера да им ја претставиме културата на Македонија, со прошетки, посети на локали, на Матка, Водно и слично и разни тематски забави и игри кои беа наменети да се запознаеме сите и тие да си заминат со прекрасни спомени од настанот.
Како главен организатор главата должност е да се организира се ова во најдобар ред и со најмногу насмевки на лицата на сите присутни. Што секако е невозможно од еден човек, па затоа ние многу поддржуваме тимска работа. Јас имав еден прекрасен тим составен од 11 луѓе, секој задолжен со различен аспект од организацијата (маркетинг, односи со компании, логистика, одговорни за партиципанти, итн. Cекако имаме различни работни групи каде секој од членовите на БЕСТ помага, па знам дека без сите овие луѓе немаше да биде настанот тоа што беше!

Endava Skopje Internship and Graduate Programme

Пракса и стажирање во ЕНДАВА

Нашиот годишен партнер Ендава има отворени позиции за аплицирање за нивните програми за дипломци и за практиканти. Ако сте студент од областа на IT, и сакате да ги усовршите вашите IT вештини и да учите од врвни професионалци од реномираната британска компанија, тогаш ова е шансата за вас. Сите детали можете да ги прочитате во продолжение.

Summer course 2015

13ти Меѓународен Академски Курс во Скопје

Ова лето БЕСТ Скопје го организираше 13тиот Меѓународен Академски Курс на кој учествуваа 30 учесници од цела Европа, меѓу кои и македонски студенти.   Овој настан, кој покрај забава, имаше и образовен карактер, студенти од 19 различни Европски универзитети слушаа предавања на темата „Хидроенергија и одржлив развој на водата“ од професори кои предаваат на Машинскиот

motivaciski vikend ohrid 2015

Мотивациски Викенд Охрид 2015

Кога ќе слушнеш, прочиташ, видиш на ТВ за нешто ново, љубопитноста најмногу расте, достигнува највисоко ниво. БЕСТ е нешто што за мене не беше толку ново, колку што ми беше непозната авантурата која непрестајно ги следи БЕСТовци на МОТИВАЦИСКИТЕ викенди. Оваа „тајна“ авантура постојано ми ја раскажуваа, опишуваа, но овојпат не им дозволив, се пријавив за главен организатор – ме одбраа и ги искусив најпрекрасните моменти во БЕСТ.

regrutation-1006

Состанок за нови членови – 10ти јуни 2015

Неодамна заврши летниот семестар, но во тек се подготовките за најинтересниот настан на БЕСТ Скопје – Летниот Академски Курс. Затоа, го организираме овај состанок за нови членови, за и вие да бидете дел од ова незаборавно искуство.

jf15

Овогодинешниот JobFair – најуспешен досега!

Од првото издание кое се одржа во 2005 година, JobFair 2015 стана најуспешниот саем за вработување и кариера досега, организиран од БЕСТ Скопје!   Со вкупно 26 компании, во две изданија: Vol.1: Build your Future на Градежениот Факултет и Архитектонскиот Факултет во март и Vol.2: Get Technical на Машинскиот Факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски

web banner 550p

Job Fair Vol.2: Get Technical е зад аголот

По успешното прво издание на Job Fair 2015 година – Вол.1: Изградете ја својата иднина, во Март, за помалку од 10 дена од 5 Мај до 7-ми ќе се одржи уште повозбудливото второ издание на 11-тиот Саем за работа на Кампус на технички факултети под името Job Fair 2015 година – Вол.2: Get Technical.

fall

Започна аплицирањето за Есенските курсеви во 2015

Како што наближува летото, започнуваат апликациите за есенските курсеви во 2015. Бирајте каде сакате да патувате на есен помеѓу 16те настани меѓу кои 10 курсеви по технологија, 5 курсеви по кариерни вештини и 1 лежерен настан. Рокот на аплицирање е 17ти мај, па затоа започнете да го пишувате вашето мотивациско писмо за дестинацијата која сакате

АмЧам Практикантска програма „Отвори врата“

Нашите поддржувачи Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) во соработка со своите компании членки распишува конкурс за нивната практикантска програма со наслов „Отвори врата“.